Search

(Видео) Мемфис ја забележа најубедливата победа во историјата на НБА

Кошаркарите на Мемфис се нови рекордери во кошаркарската НБА со највисока оставрена победа во историјата на најсилната лига во светот. Мемфис ја прегази Оклахома 152:79, која пак стана тимот со неславен рекорд на загубен натпревар со 73 поени разлика !

Претходниот рекорд беше во сопственост на Кливленд кој имажа остварена победа од 68 поени разлика против Мајами (148:80)  постигнат во 1991 година.

Подвигот на Мемфис е уште поголем ако се знае дека е постигнат без најголемата ѕвезда во тимот Џа Морант, кој не игра поради повреда. Во историскиот триумф Мењмфис го предводеше Џексон со 27 поени. Во редовите на Оклахома Мелтон уфрли 19. За Мемфис ова беше трета победа во низа, а за Оклахома осми пораз во низа.

НБА Ррезултати: Њујорк – Чикаго 115:119, Торонто – Милвоки 97:93, Мемфис – Оклахома 152:79, Феникс – Детроит 114:103, Портланд – Сан Антонио 83:114.

Треба да знаете
Последни објави