Search

(Видео) Меланија Трамп: Медиумите од мојот сопруг направија личност која не је препознавам

Првата дама на САД, Меланија Трамп вчера одржа говор на предизборен митинг во Пенсилванија – тоа беше нејзино прво соло појавување како дел од кампањата на Трамп.

На почетокот на својот говор, таа ја коментираше комуникацијата на Трамп со јавноста преку „Твитер“ и рече дека не секогаш се согласува со начинот на кој ги претставува работите.

„За прв пат во историјата, граѓаните на оваа земја можат да го слушаат нивниот претседател директно и секојдневно преку социјалните мрежи. Јас не секогаш се согласувам со начинот на кој тој ги кажува работите, но важно е тој да разговара директно со луѓето на кои им служи“, рече Меланија.

Таа нагласи и дека медиумите создале поинаква слика за него.

„Доналд има големо срце и одлична смисла за хумор. Тој сака да им помага на луѓето. Но, кога реши да се кандидира за претседател како републиканец, медиумите создадоа поинаква слика за него – онаа што јас не ја препознавав. Неговите приврзаници се третирани со ист презир“, кажа Меланија додавајќи дека медиумите одлучиле да се фокусираат на приказни за разни озборувања и интриги.

„На пример, главната цел на мојата иницијатива ‘Биди најдобар’ е да им помагам на децата. Сепак, медиумите избраа да им го одземат фокусот на децата и да се фокусираат на негативни работи. Но, тоа нема да ме спречи во мојата намера да правам добро”, заклучи Меланија.

Треба да знаете
Последни објави