Search

(Видео) Макрон пристигна во Бејрут

Претседателот на Франција, Емануел Макрон пристигна во Бејрут за да ја изрази својата поддршка по катастрофалната експлозија во пристаништето, што предизвика голема материјална штета.

Од претседателството на Макрон изјавија дека либанскиот претседател Мишел Аун ќе го пречека, и дека целта на посетата е да му се покаже на Либан дека не е сам.

Подоцна во текот на денот, Макрон ќе има средби со високи претставници во претседателската палата, како и со претставници на граѓанското општество.

Франција, како и некои други земји, испратија екипи на итна помош и спасувачки екипи.

На Либан, кој веќе е во економска криза, ќе му треба поширока помош од меѓународната заедница.

Треба да знаете
Последни објави