Search

(Видео) Маж протестираше на стаклениот покрив на австралискиот парламент и бараше ослободување на Асанж

Маж се качи на покривот на зградата на австралискиот парламент во Канбера како знак на протест и бараше ослободување на Џулијан Асанж, пренесува „Спутник“.

Демонстрантот, облечен во црна облека и капа, свиреше и викаше, „Ослободете ги свиркачите“ и „Ослободете го Џулијан Асанж“. Тој се закани дека ќе остане таму сè додека Асанж не биде ослободен од затвор и им рече на минувачите да му донесат вреќа за спиење.

Демонстрантот постави транспарент на кој пишува: „Ослободете го Асанж. Не за екстрадицијата во САД“ и шеташе врз стаклениот покрив на парламентот пред полицијата да го уапси.
Нема информации за тоа дали демонстрантот се соочува со обвиненија.

https://twitter.com/katie_b_burgess/status/1193714375317585921

Џулијан Асанж, кој е австралиски државјанин, во моментот издржува затворска казна од 50 недели за прекршување на условите за кауција во 2012 година за да избегне екстрадиција во Шведска, каде беше баран за сексуален напад, што тој го отфрли како политички мотивирано обвинение.

Асанж, основачот на „Викиликс“, побара прибежиште во Амбасадата на Еквадор во Лондон и таму остана речиси седум години до април годинава, кога Еквадор му го одзеде статусот на азилант. Тој сега се соочува со екстрадиција во САД под обвинение за објавување дипломатски телеграми и обелоденување обвинувачки докази против воените кампањи на САД во Авганистан и во Ирак. 17-те точки од обвинението му носат максимална казна затвор од 175 години. Рочиштето за екстрадиција е предвидено да почне на 25 февруари.

Минатиот месец, 11 австралиски пратеници формираа меѓупартиска група со која се залагаат за враќање на Асанж дома.

„Што и да мислат луѓето за него, Џулијан Асанж е Австралиец и заслужува конзуларна помош и поддршка од австралиската влада“, рече пратеникот од лабуристите, Џулијан Хил.

Премиерот Скот Морисон јасно стави до знаење дека неговата влада ќе дозволи законските процеси во Велика Британија да одат по својот тек и рече дека Асанж треба да се соочи со своите дела.

Треба да знаете
Последни објави