Search

(Видео) Мадона си „играше“ со градите додека ја шминкаа

Позната по контроверзното однесување, поп-кралицата Мадона (61) во моментов е на турнејата „Мадам Х“. Таа честопати ги споделува своите најдобри моменти од концертите со своите следбеници на социјалните мрежи. Неодамна, таа покажа како се загрева пред да настапи.

Таа објави кратка снимка на која се гледа како ја шминкаат додека си „игра“ со градите. Исто така, пејачката предизвика бурна реакција со снимката на која го трие екранот на мобилниот телефон од внатрешната страна на бутот со таинствената порака „Нешто се развива“.

Нејзините следбеници и обожаватели во коментарите ѝ дадоа поддршка и ѝ напишаа дека ја сакаат и дека е единствена.

Нејзиниот последен албум, „Madame X“, беше објавен пред неколку месеци и предизвика поделени реакции од публиката и критиката.

Треба да знаете
Последни објави