Search

(Видео) Луѓето се разбегаа во паника од силниот земјотрес на Филипините, шестгодишно девојче загина

Шестгодишно девојче загина откако се сруши ѕид за време на силниот земјотрес oд 6,8 степени што денеска ги погоди Филипините, изјави градоначалникот на градот Матанао на југот во земјата.

Трикатна зграда се сруши во земјотрес на југот на Филипините, а луѓето избегаа во паника од продавниците, домовите и другите згради, соопштија официјалните лица.

Во срушената зграда има една продавница и спасувачите проверуваат дали има жртви или заробени лица под урнатините.

Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија објави дека земјотрес со јачина од 6,8 степени погодил област на околу шест километри северозападно од градот Падад, на длабочина од 30 километри во провинцијата Давао дел Сур, пренесува АП.

Во некои градови снема струја, а службените лица во градовите Давао и Котабат, каде земјотресот се почувствува многу силно, решија децата да не одат во училиштата во понеделник сè додека не се провери стабилноста на училишните згради.

Регионот Давао во последните месеци го погодија неколку земјотреси во кои имаше настрадани и повредени, а оштетени се домови, хотели, трговски центри и болници.

Треба да знаете
Последни објави