Search

(Видео) Лос Анџелес се претоври во град на големи забави и покрај забраната

По извештајот за голем број забави кои ги кршат здравствените барања, чија цел е спречување на ширењето на новиот коронавирус, градоначалникот на Лос Анџелес, Ерик Гарчети најави дека ќе го овласти градот да ги исклучи водата и струјата за жителите кои одржуваат такви собири.

Од петок вечер, ако случбениците на полициската управа во Лос Анџелес одговорат и потврдат дека некаде се одржува голема забава, а постојат докази дека местото повеќепати се однесувало на истиот начин, одделението ќе бара од градот да ги исклучи водата и струјата во рок од 48 часа.

Тој рекол дека иако сите ноќни клубови и барови се веќе затворени, овие големи куќи за гости всушност станале ноќни клубови на спрат и често се случуваат во куќите кои се празни или се користат за краткотрајни изнајмувања.

„Последиците од овие големи забави ги надминуваат и самите забави. Тие се проблем во целата наша заедница, бидејќи вирусот може брзо и лесно да се прошири“ рекол тој.

Прашањето за големите и приватни собири оваа недела привлече големо внимание, по бурната забава во понеделникот во дворец која заврши со фатално пукање.

Околу 200 луѓе беа на забавата кога полицијата првпат влегла околу 19 часот по бројни пријави на соседи за бројноста на гостите.

Иако полицијата казнила неколку возила кои биле нелегално паркирани, тие не ја прекинале забавата, иако групните собири се забранети според здравствените мерки.

Забавата на Малхоланд Драјв е последна во низата големи домашни забави за време на пандемијата.

Треба да знаете
Последни објави