Search

(Видео) ЛА Лејкерс конечно победи во новата НБА-сезона

Лос Анџелес лејкерс ја забележа првата победа во новата сезона од кошаркарската НБА. Тимот на Лејкерси дури во третиот натпревар од новата сезона се израдува на победа и тоа  „Стејплс Центарот“ против Мемфис (121:118). Предводник на домаќините во првиот сезонски триумф  беше Кармело Ентони кој мечот го заврши со 28 поени, Ентони Дејвис постигна 22 поени, а Леброн Џејмс 19.

Вориорси играат одлично на стартот и стигнаа и до третата победа во исто толку натпревари. Сега беа подобри од Сакраменто Кингс со 119:107.Стеф Кариго предводеше својот тим со 27 поени и 10 асистенции. Треба да се истакна дека Кари овој меч ќе го памети затоа што стана првиот играч во историјата на Голден Стејт со 5.000 асистенции.

Бруклин важи за еден од фаворитите за шампионскиот престен меѓутоа веќе го запишаа вториот пораз во сезоната откако против нив славеше тимот на Шарлот Хорнетс 95:111. За Бруклин не беа доволни ниту 38 поени на Кевин Дурант, кој додаде уште пет скока ии три асистенции. Во редовите на победничкиот тим најефикасен беше Милс Бриџис со 32 поени.

Резултати:Бруклин – Шарлот 95:111, Хјустон –  Бостон 97:107, Њујорк –  Орландо 104:110, Оклахома –  Филаделфија  103:115, Сакраменто – Голден Стејт 107:119, ЛА Лејкерс – Мемфис  121:118.

Треба да знаете
Последни објави