Search

(Видео) Кушнер: Трамп сака да им помогне на Афроамериканците во Америка

Советникот на американскиот претседател,  Џаред Кушнер, изјави дека  Доналд Трамп сака да им помогне на Афроамериканците во Америка и ги осуди оние кои го кренаа својот глас по убиството на Џорџ Флојд, а потоа не направиле ништо за да го подобрат животот на црнечките заедници.

„Политиките на претседателот Трамп се политики кои можат да им помогнат на луѓето да излезат од проблемите од кои се жалат, но тој не може да сака тие да бидат поуспешни од нив самите“, рече Кушнер за телевизија „Фокс“, пренесува АП.

Кушнер, кој е и зет на Трамп, критикуваше и истакнати луѓе кои го кренаа својот глас по убиството на Џорџ Флојд, Афроамериканец кој почина при апсењето, но потоа не издржале и не работеле на изнаоѓање начини за подобрување на животот на црнечките заедници во Америка.

„Видовте многу луѓе кои само го привлекоа вниманието кон своите доблести – одат на Инстаграм и плачат, или, знаете, ќе ставеа слоган на дресовите или ќе напишеа нешто на кошаркарското игралиште“, рече Кушнер.

„Искрено, тоа повеќе ја поларизираше земјата отколку што ги придвижи луѓето напред. Проблемите се решаваат со решенија“, вели Кушнер.

Треба да знаете
Последни објави