Search

(Видео) Кучката Дона од Краљево им покажа на луѓето што е мајчински инстинкт

Видео од кучка како го спасува своето кутре заглавено под летна тераса во кафуле во Краљево е вистински хит на социјалните мрежи во Србија. Кутрето старо неколку дена во текот на ноќта некако успеало да отползи од леглото и да влезе под терасата.

Очајната мајка утрото почнала да го бара и немаше време да чека помош од луѓето. Поради недостапноста на подот, единствената шанса беше да копа под него. Но, таа  не чекаше да пристигнат лопати, туку сама почна да копа. Но бидејќи не можела да го достигне почнала да ги повикува луѓето што работат во кафулето да ѝ помогнат. Колку кучката Дона била подготвена да соработува, покажува фактот дека таа почнала да го покажува со шепата точното место каде е кутрето.

– Имав некаков стап. Го ископав тој дел под подот, ги завлеков прстите и го допрев кученцето. Но тогаш сфатив дека ми треба лопата за да го извадам. Додека размислував каде да најдам, Дона не чекаше. Пристигна и почна да копа со шепите. И тогаш се посилно и посилно…, изјави келнерот од кафулето.

Треба да знаете
Последни објави