Search

(Видео) Кустурица му оддаде почит на сценаристот Гордан Михиќ на Венецискиот фестивал

Режисерот Емир Кустурица му оддаде почит на познатиот српски сценарист Гордан Михиќ на најголемиот светски фестивал на уметнички филмови – Венецискиот фестивал.

Снимката од говорот на Кустурица ја објави Ивана Михиќ,  ќерката на  Гордан. 

„Гордан Михиќ на многумина им ги разубави животите со својата работа. Покрај бројните сценарија, тој има напишано две за моите филмови „Црна мачка, бел мачор“ и „Дом за бесење“. Тој почина непосредно пред овој фестивал“, рече Кустурица.

Сценаристот, драматург, режисер и професор на ФДУ, Гордан Михиќ, почина  на 11 август, по ненадејна болест.

Треба да знаете
Последни објави