Search

(Видео) Крокодил изеде научник во Индонезија

Жена научник во Индонезија била грабната и изедена од крокодил, пишува „Скај њуз“.

Крокодилот ја одвлекол жената Дизи Туво во оградениот простор за рептили, откако скокнал на бетонски ѕид висок 2,4 метри. Откако ја зграбил, крокодилот ја јадел жената додека таа се уште била жива.

Предаторот, долг 5 метри, истражувачите го чувале во лабораторијата „CV Yosiki“ на индонезискиот остров Сулавеси.

Растревожените вработени ја пронашле 44-годишната Туво во челуста на крокодилот и со тешкотии успеале да го извлечат преостанатиот дел од нејзиното тело.

Полицијата соопшти дека трага по сопственикот на крокодил, јапонски бизнисмен, за кого се вели дека основнао е предмет на истрага.

https://youtu.be/7bh-3atwDsw

Треба да знаете
Последни објави