Search

(Видео) Критичарите одушевени од враќањето на Круз во новиот „Топ ган“

На Том Круз му требаа 36 години да се врати во опасната зона за да го донесе продолжението на „Топ ган“ на екранот, а првите рецензии од филмските критичари велат дека вредело да се чека.

Тop Gun: Maverick заработи 96 отсто позитивна оценка на „Ротен томатос“, веб-страницата агрегатор на рецензии (позитивни и негативни). Оваа оценка се базира на 57 рецензии заклучно со четвртокот, 12 мај.

Филмот ќе дебитира во киносалите на 27 мај.

Круз се враќа како Пит Мичел, дрскиот пилот на морнарицата, со кодно име Маверик, кој никогаш не се искачил низ ранговите поради неговата наклонетост кон отфрлање на авторитет.

Марк Кенеди од „Асошиетед прес“ филмот го нарече „пример од учебник како да се направи продолжение“.

Аналитичари на киноблагајните предвидуваат дека филмот од „Парамаунт пикчрс“ ќе биде еден од најголемите кино-хитови ова лето.

Критичарите потенцираат дека филмот нуди возбудливи сцени со летање, емотивна приказна и силни изведби од споредната екипа, вклучувајќи го Мајлс Телер, кој го глуми синот на Гус, партнерот на Маверик кој почина во оригиналниот филм од 1986 година.

Но, најголем дел од пофалбите беа резервирани за Круз.

Треба да знаете
Последни објави