Search

(Видео) Крај на драмата кај Сараево: ја убил девојката, пукал во полицијата и се самоубил

Неџад Чаушевиќ, кој ја уби својата девојка Санела Трстен во населбата Неџарици, се самоуби за време на полициската потера на планината Бјелашница кај Сараево, дознава „Аваз“.

Оваа информација ја потврди Министерството за внатрешни работи на Кантонот Сараево.

Чаушевиќ се самоуби откако претходно отвори оган врз полицајците. Според „Аваз“, откако бил опкружен и видел дека не може да избега, тој се самоубил, најверојатно од автоматска пушка.

На планината Бјелашница кај Сараево се случувала вистинска драма бидејќи Чаушевиќ отворил оган врз полицијата. Тој пукал со автоматско оружје кон припадниците на МУП и специјалните сили.

Истражителите најпрво го пронашле неговото напуштено возило, додека специјалците ги следеле трагите до пошуменото подрачје на планината. Кучињата, исто така, биле користени во претресот, бидејќи потрагата по Чаушевиќ опфаќала многу голема област.

https://www.facebook.com/dnevniavaz/videos/489252811683181/?t=0

Околу 7 часот наутро во Сараево е убиена Санела Трстен.

Во пукањето била повредена од залутан куршум Сенада Мухиќ, работничка во претпријатието „Парк“.

Трагедијата се случила пред расадник на оваа сараевска компанија, пренесува „Српскаинфо“.

Треба да знаете
Последни објави