Search

(Видео) Крадaчка облекла 9 чифта фармерки во продавница

На интернет се шири видео на кое се гледа како една жена се обидува да украде фармерки во продавница. Најбизарното е што таа носела осум чифта фармерки заедно со своите.

Откако ја откриле, таа морала да ги соблече сите. Целата ситуација е прикажана во видео кое има повеќе од 2,5 милиони прегледи. Жената, наводно, е од Венецуела, а видеото е поставено од Перу, пренесува „Дејли мејл“.

Во видеото, една жена се соблекува во тоалетот додека мажот во заднина брои колку фармерки има на себе. Откако ги соблекла последните, ѝ рекле да ги покаже гаќите за да се уверат дека тоа е навистина последниот чифт што има на себе. Не е познато дали е санкционирана.

Треба да знаете
Последни објави