Search

(Видео) Костовски: Поднесените амандмани се очајни обиди за блокирање на работата на Собранието

Поднесените амандмани од страна на опозицијата, се очајни обиди за блокирање на работата на Собранието, истакна пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски.

Тој вели дека сето она што го прави ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, но и надвор од него е дејствување спротивно на интересите на граѓаните и националните и државни интереси.

„3.000 амандмани, најмногу од нив апсурдни и нелогични, поднесе ВМРО-ДПМНЕ заедно со другите опозициски пратеници за измените на Деловникот за работа на Собранието. Над 500 амандмани се поднесени за измените на Законот за здравствена заштита. Сето ова се очајни обиди за блокада на работата на Собранието. Ова е деструктивно дејствување спротивно на интересите на граѓаните чии претставници сме сите ние. Овој обид за блокада се надоврзува на обидите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски за поткопување на државните позиции“, рече Костовски.

Дополнително тој обвини дека блокадата на Собранието е продолжение на опструкциите што ВМРО-ДПМНЕ со месеци ги прави врз здравствениот систем и борбата против коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави