Search

(Видео) Костадинов: Се отплеткува мрежата околу нарачателите и извршителите на 27 април

Пополека се одмотува мрежата, се отплеткува клопчето околу нарачателите и извршителите на насилството од 27 април.Сведочењата во рамки на транспарентниот судски процес го откриваат монструозниот план што требало да се спроведе, овде, во Собранието. Нарачан и планиран од структури на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, изјави Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.

Според него, поранешниот прв човек на УБК, Владимир Атанасовски, повеќе обвинети во процесот за 27 април директно го посочија како организатор и соучесник на монструозните планови за убиства на политичари, линч на новинари, палење и уништување на автомобили и домови на пратеници.

,,Истиот тој Владимир Атанасовски, според јавно достапни информации во медиумите, е советник за безбедност на антизападниот пион Христијан Мицкоски. Пред неколку месеци Христијан Мицкоски го пратил токму Атанасовски овде, во Собранието, да нуди решенија за реформа на системот за следење на комуникациите, во рамки на работата меѓу партиите за усогласување околу законските одредби. Очигледна е поврзаноста на Атанасовски со антизападниот Христијан Мицкоски и актуелното антинародно раководство на ВМРО-ДПМНЕ.
Ете затоа Мицкоски е против помирувањето, затоа  повикува на протести и блокади, затоа бара амнестија за нарачетелите и извршителите на насилството.Мицкоски единствено сака да ги спаси од одговорност неговите најблиски соработници и неговиот ментор, криминалецот Никола Груевски.

Последните случувања во процесот за 27 април покажуваат зошто не смее да има амнестија за нарачателите и извршителите на насилството.Ова е уште една потврда дека треба да се направи разлика помеѓу оние кои свесно, со умисла организирале, нарачале и извршиле насилство од оние кои не извршиле насилство и биле заведени”, изјави Костадинов.

Треба да знаете
Последни објави