Search

(Видео) Костадинов: Интеграцискиот процес позитивно влијае врз економијата

Бројни економски показатели секојдневно докажуваат дека со успешните економски политики и придвижувањето на интегративниот процес, економијата е веќе на здрави основи и се движи во вистински правец, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

„Растот на просечната плата во 2018 година изнесува 5,7 отсто и е за дури трипати поголем од просечниот раст во последните пет години, покажуваат официјалните податоци на Министерството за финансии. Платите растат, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните, во секое семејство.

Напредокот во интеграцијата кон ЕУ и НАТО ја врати довербата во македонската економија, го врати оптимизмот кај инвеститорите. Доказ за тоа е растот на прометот на Македонската берза кој во 2018 бил за речиси 120 отсто поголем од прометот остварен во 2017 година.

Со приближувањето до полноправно членство во ЕУ и НАТО, Македонија станува сигурна, атрактивна и посакувана дестинација за туристите. За првпат во историјата на независна Македонија, во 2018 година, без месец декември, во државата престојувале над еден милион туристи.

Ова само дел од низата параметри што ја покажуваат успешноста на економските политики и значењето на процесот на интеграција за развој на економијата.
Политиките на поделби, блокади и кочење на процесите за членство во НАТО и ЕУ што ги застапуваат антизападните маргинални групи и Христијан Мицкоски се на директна штета на граѓаните и напредокот.

Како одговорна партија остануваме посветени на заложбите за интеграција, напредок и економски раст. Продолжуваме со спроведување на мерките што обезбедуваат нови работни места, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани“ нагласи Костадинов.

Треба да знаете
Последни објави