Search

(Видео) Комбе со 52 мигранти ја пробило оградата на границата Мароко – Шпанија

Комбе со 52 мигранти поминало со голема брзина низ оградата на границата меѓу Мароко и Шпанија за да влезе во енклавата Сеута, јавуваат локалните медиуми.

Според официјални лица од Црвениот крст, како што пренесува шпанската новинска агенција „Еуропа прес“, инцидентот се случил рано утрово. Четворица од мигрантите биле однесени во болницата во Сеута каде што им биле санирани полесни повреди.

Мигрантите подоцна биле приведени.

Сеута е одвоена од Мароко со 6-метарска жичена ограда и обично мигрантите се обидуваат да се прекачат преку неа за да влезат во градот и таму да побараат азил.

Треба да знаете
Последни објави