Search

(Видео) Клиперс славеше на гости кај Далас

На единствениот одигран натпревар во кошаркарската НБА лига ноќта меѓу вторник и среда, Лос Анџелес клиперс на гостински терен го победија Далас маверикс со 110:107.

Каваи Ленард со 36 поени и 11 скокови беше најдобриот играч во победничкиот тим.

Кај Далас се истакна Лука Дончиќ со 36 поени, 10 скока и девет асистенции.

Клиперс се втори во поредокот на Западната конференција со 31 победа и 13 порази, додека далас со биланс 27-16 се наоѓа на петтото место.

Треба да знаете
Последни објави