Search

(Видео) Климатски активист предизвика мешаница во авион, пилотите мораа да се вратат во Лондон

Откако денеска климатски активист ги вознемири патниците и екипажот во патнички авион, пилотите мораа да се вратат на лондонскиот аеродром, објави „Скај њуз“.

На видеото се гледа како полицијата апси демонстрант и го вади од авионот. За време на апсењето, неколку стотици демонстранти се обидеке да ја блокираат работата на аеродромот Лондон Сити во знак на протест против влијанието на авиосообраќајот врз климатските промени.

Поточно, активисти од организацијата „Екстинкшн ребелион“ денеска започнаа тридневна окупација на терминалите во стил на демонстранциите во Хонгконг.

Неколкумина веќе се уапсени на аеродромот.

Видео од апсењето, кое се појави на социјалните мрежи, го покажува демонстрантот како пред патниците и стјуардесите во авионот говори дека не сака да патува со нив, но исто така не сака ниту да се симне од авионот и дека му е жал што предизвикал непријатности.

„Само уште две генерации од човечката цивилизација ќе преживеат ако продолжиме да функционираме како досега“, додаде тој.

Активистите претходно изјавија дека имаат намера да ги прекинат летовите легнувајќи, седејќи или дури лепејќи се пред терминалот за пристигнувања на на лондонскиот аеродром.

Тие додадоа дека планираат да го окупираат пристапниот пат до аеродромот и железничката станица, доколку не се во можност да влезат во зградата на аеродромот.

Треба да знаете
Последни објави