Search

(Видео) Камионџија доби затворска казна поради опасно свртување на автопат во Британија

Возач на камион е осуден на шест месеци затвор откако на автопатот М6 во Стафордшир, Англија извел многу опасно свртување.

На видео снимката направена од надзорните камери може да се види како возачот се приклучува на автопатот доаѓајќи од спротивна насока, па поради тоа мораше да направи остро свртување, кое покрај тоа што е забрането е и опасно за останатите учесници во сообраќајот.

Други возачи го користеа излезот од автопатот на кој стоеше камионот во спротивна насока, па возачот мораше да го помести возилото за тие да можат да поминат. Неколку пати се обидуваше да сврти, се додека еден возач, чиј пат беше комплетно блокиран, не го пушти да мине и да го продолжи патот во посакуваната насока.

Поради инцидентот кој се случил на 21 јануари, возачот иако не предизвикал сообраќајна несреќа, сепак за загрозувањето на останатите учесници и низа на прекршоци добил шестмесечна затворска казна.

Британски „Метро“ исто така пренесува дека камионџијата добил и 15 месеци забрана за управување со моторно возило.

Треба да знаете
Последни објави