Кристијано Роналдо важи за еден од најпопуларните спортиски на планетата. Секое негово појавување во јавност предизвикува нверојатно внимание.

Португалецот не може да отиде дури ни на пијалок со пријатели, во продавница, ресторан…а експресно околу него да не се појават голем број фанови.

Славниот фудбалски ас не сака ништо да препушти на случајот, па со себе има секогаш неколку телохранители кои се грижат за неговата безбедност.

Шефот на неговото обезбедување е искусен телохранител Гонсало Салгадо. Слгадо е поранешен ММА борец и инаку е добар пријател со Португалецот.

Секако, Слагадо има поголема слава откако телохранител, отколку во својата професионална ММА кариера.  Освен Роналдо ги чувал и професионалните сурфери Келиј Слатер и Габриел Медина.