Search

(Видео) Каевски: Арсовска со нејзините фирми ја оставила салата Расадник како руина

Покрај тоа што не плаќала струја, „независната“ кандидатка за градоначалник на Скопје поддржана од опозициската ВМРО ДПМНЕ, Данела Арсовска со нејзините и семејните фирми ја оставила салата Расадник како руина, целосно запуштена, oбвини денеска претставникот на СДСМ, Дарко Каевски.

Фирмата на Данела Арсовска, ‘Империјал Данела’ ДООЕЛ Скопје, понатаму ‘Империјал’ ДООЕЛ Скопје во 2002 година потпишала договор за закуп на спортската сала Расадник. Со членот 4 од договорот, фирмата на Aрсовска се обврзала да ја реновира кровната конструкција, да го смени паркетот на теренот, да ги реновира соблекувалните и да го уреди просторот околу салата“, нагласи Каевски кој го приложи и договорот кој, како што кажа, Арсовска го потпишала на 10 јануари 2002 за месечна закупнина од 1.000 евра плус ДДВ.

Претставникот на СДСМ кажа дека договорот има и анекс со кој се надополнува членот четири и се додаваат и хотел со 24 легла, пет терени за сквош, фитнес центар, отворен базен, помошни објекти и петнаесет бунгалови.

Ништо од ова како што гледате не е направено. Ова е потврда дека Данела не може да управува ниту со сала, а најмалку со град. Со неа на чело на Градот, и Скопје би бил запуштен и запоставен како оваа сала“, обвини Каевски порачувајќи дека во недела граѓаните ќе заокружат број 12 за, како што кажа, Скопје да остане во сигурни раце.

Треба да знаете
Последни објави