Search

(Видео и фото) Стравот кај кумановци очигледен, во градот како да застанало времето

Куманово го живее првиот викенд полициски час, според кој, со одлука на Владата на кумановци им е забрането движењето од вчера од 21 до понеделник во 5 часот. Стравот од коронавирусот во градот е очигледен, особено по информациите за уште еден починат кумановец и нови осум заразени, па сега во градот има 93 заболени од Ковид 19.

Градот е празен, граѓаните ревносно ја почитуваат забраната, а според достапните информации од МВР, ноќеска немаше забележано непочитување на полицискиот час.

Фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави