Search

(Видео и фото) Скопјани го почитуваат полицискиот час, останаа вечерва дома

Полицискиот час во Скопје се почитува, иако граѓаните уште во поладневните часови се прибраа во своите домови, па улиците од 21 часот се празни.

Екипа на 24 Инфо го заобиколи градот, полициски патроли се на главните раскрсници, по улиците може да се видат само ретки такси возила, како и автобуси на ЈСП кои се враќаат во базите во Ѓорче Петров и во Автокоманда. Полицијата на неколку пати го сопре нашето возило, но работата на новинарските екипи се одвиваше непречено.

 

Пешаци можеа да се избројат на прсти, кои се движеа по булеварите, а неколку кучиња се главни на Рекорд и навикнати на празната улица лаат на ретките автомобили.

 

 

(Фото) Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави