Search

(ВИДЕО) Исчезна крстот во аква-паркот во Пробиштип – по 40 минути потрага попот фрли втор

Околу 40 минути траеше потрагата по крстот во Пробиштип каде по повод големиот христијански празник Водици крстот се фрлаше во базен во Аква паркот. Попот го фрли крстот, по што неколку момчиња кои се пријавиле скокнаа во базенот. Но, откако не го најдоа фрлија втор крст по кој скокнаа само двајца од пријавените.

Но, крстот потона во базенот длабок 2 метри и никој од пријавените верници не успеа да го пронајде. На неколку пати пријавените излегуваа и пак се фрлаа во базенот, нуркаа, но потрагата по крстот беше неуспешна.

Во празен базен и попот и верниците кои беа дојдени да присуствуваат на чинот гледаа околу 40 минути.

Присутните на социјалните мрежи настанот го пренесуваа во живо, а коментарите на Фејсбук гласа „Попо да се фрле”, за на крајот гледачите да почнат да прашуваат да не се работи за скриена камера.

Настанот кој беше проследен со многу смеа од страна на присутните заврши со фрлање на втор дрвен крст по кој скокнаа само двајца. Едниот од нив по име Драган кој беше најупорен го извади крстот од базенот.

Треба да знаете
Последни објави