Search

(Видео) Инцидент во Штип: Учесник на сила го истегна крстот од момчето кое го фати

Немил настан се случи на една од манифестациите за фаќање на светиот крст по повод празникот Богојавление – Водици во штипскиот регион.

Како што се гледа од видеото објавено на социјалните мрежи, откако момче веќе го фати крстот, фрлен од страна на свештените лица во водите на реката, неколку други учесници му се нафрлија во обид да го истегнат крстот од неговите раце.

По ова следеше турканица и агресивно влечење, кое предизвика незадоволство кај присутните верници:

„Детето во црната маица го фати, пуштете го крстот“, револтирано викаа присутните кои почнаа и бурно да негодуваат откако друг учесник со употреба на сила конечно го извлече крстот и го зема за себе.

Нерегуларноста ја согледаа и свештениците кои го повикаа момчето што најпрво го фати крстот да дојде кај нив за да ја исправат неправдата.

„Момче ти со црната маица, ти го фати крстот. Дојди да ги земеш поклоните, друг крст ќе ти дадеме“, рече еден од свештениците, што наиде на смеа кај присутните.

Треба да знаете
Последни објави