Search

(Видео) Интервентна полиција го чува парламентот во Хонгконг

Интервентна полиција е распоредена околу зградата на законодавниот дом во Хонгконг. Пратениците би требало да расправаат за нацрт закон, кој би го криминализирал непочитувањето на кинеската државна химна.

Поради бурната дебата за нацрт законот, двајца пратеници се исфрлени од седницата, по што таа била одложена, пренесе Ројтерс.

Ако законот биде усвоен, сите кои ќе ја навредуваат кинеската химна, ќе бидат казнети со парична казна од 5.237 фунти и затворска казна до три години.

Поради нацрт законот вчера беа организирани протести при што полицијата употреби солзавец и уапси 360 демонстранти. Во текот на ноќта демонстрантите се уште беа на улиците барајќи независност од Кина.

Треба да знаете
Последни објави