Search

(Видео) Индија и Пакистан ги претвораат возовите во мобилни болници

Националната железница во Пакистан ги претвори сите вагони од бизнис-класата во подвижни одделенија за пациенти со Ковид-19, додавајќи илјадници болнички кревети во борбата против вирусот, потег сличен со проектот во Индија, пренесува РТ.

Мобилните единици за изолација се подготвени да заминат во кој било дел од земјата поврзан со железнички линии, нудејќи им многу потребна помош за локалните власти во најтешко погодените региони на Пакистан, објави министерот за железници, Шаик Рашид Ахмад на железничката станица Равалпинди во Пенџаб.

https://twitter.com/IkInformation/status/1244778759011663873

Околу 220 вагони се специјално опремени за сместување и лекување на пациенти, во секој од нив има девет кревети, пишува весникот „Дон“. Железничките станици во сите седум региони под Железницата на Пакистан – во Лахоре, Карачи, Кува, Сукур, Равалпинди и Мултан – исто така се опремени со 100 кревети и вентилатор, дополнително намалувајќи го притисокот врз локалните здравствени системи.

Пакистан ги суспендираше сите патнички услуги со железницата поради пандемијата на Ковид-19, дозволувајќи им само на товарните возови да испорачуваат храна и пратки со залихи низ целата земја.

Ахмад рече дека се надева оти патничките линии можат да бидат отворени некаде во април, но истакна дека тие ќе останат затворени додека властите не ја стават под контрола епидемијата на Ковид-19 со кој се заразени околу 1.700 Пакистанци, а починале 21.

https://twitter.com/DevelopmentPk/status/1244714692074864640

Индија, исто така, најави планови да ги претвори железничките вагони во подвижни оддели за изолациија при што Државните индиски железници викендот претставија прототип за проектот. Откако ќе добие одобрение од властите, железничкиот  оператор се надева дека ќе претвора 10 вагони во карантински единици секоја недела за да ги опслужи своите 16 зони, кои ја сочинуваат четвртата најголема железничка мрежа во светот.

Индија досега потврди околу 1.250 случаи на зараза со Ковид-19 со 32 смртни случаи.

Треба да знаете
Последни објави