Search

(Видео) Изгуби на квиз и го демолира студиото

Натпреварувач на исландскиот квиз „Gettu Betur“ предизвика невиден скандал кога се побуни откако неговиот тим изгуби и реши да го уништи студиото.

Неговото дивеење стана хит на социјалните мрежи, а на видеото се гледа како натпреварувачот фрла чаша вода, го руши пултот и го напушта сетот.

Водителката се обиде да продолжи со шоуто, но кога во позадината сè уште се слушаа звуци на кршење, таа, сепак, реши да престане да снима и објави реклами.

Во квизот „Gettu Betur“ („Погоди подобро“), се натпреваруваат два тима составени од средношколци или колеги од факултет. Натпреварувачот се изнервира затоа што противниците се пријавија пред него и дадоа точен одговор на прашањето, со што се обезбедија победа.

Треба да знаете
Последни објави