Search

(Видео) Извлечени нови тела од рушевините во Магниторск

Бројот на загинати лица при колапсот на зградата во рускиот град Магниторск постојано се зголемува.

Досега 13 лица загинаа, а околу 30-тина и натаму се водат за исчезнати.

„Ние потврдуваме дека моментално има 13 жртви”, се вели во соопштението на руското Министерство за вонредни ситуации.

Според првичните информации, главна причина за несреќата е експлозија на гас, која довела до уривање на влезот на зградата.

Во акцијата за спасување ангажирани се 469 луѓе.

Спасувачките екипи и натаму продолжуваат да трагаат по околу триесетина исчезнати. На местото на несреќата беше претседателот на Русија, Владимир Путин, како и руската министерка за здравство, Вероника Скворцова.

Во текот на вчерашниот ден десетмесечно бебе беше извлечено живо од рушевините од десеткатната зграда во Магниторск, каде вчера имаше експлозија.

Бебето беше извлечено по 35 саати поминати под рушевините, и веднаш е пренесено во болница, бидејќи се наоѓа во критична состојба.

Тамошните власти изјавија дека е чудо што бебето успеало да преживее имајќи ги предвид ниските темератури.

Треба да знаете
Последни објави