Search

(Видео) Игуаин промаши пенал, па тргна да се тепа на дебито во МЛС

Доскорешниот фудбалер на Јувентус, Аргентинецот Гонзало Игуаин неславно дебитираше во МЛС-лигата за Интер Мајами, откако промаши пенал и потоа тргна да се тепа со противниците, кои го провоцираа.

Интер Мајами загуби со 0-3 од Филделфија Јунион, а можеби резултатот ќе беше различен доколку Игуаин искористеше удар од белата точка, но наместо тоа, топката заврши над голот.

Промашувањето на Игуаин почнаа да го слават фудбалерите на домаќинот, кои го провоцираа Аргентинецот и тој во еден момент ги загуби нервите.

Треба да знаете
Последни објави