Search

(Видео) Златарница во Сплит ограбена за две минути, украден накит од 130.000 евра

Хрватските медиуми објавија снимки од камерите во златарница во Сплит која била ограбена деновиве, а на видеото може да се забележи дека грабежот траел две минути.

Снимката ги покажува разбојниците, кои го спакувале накитот во торби.Сопственикот на познатата златарница изјавил дека вредноста на украдениот накит е околу 130.000 евра.

Тој нагласил дека крадците најверојатно го виделе кодот за безбедносната врата кога ја затворал, па откако ја отвориле го искршиле стаклениот излог со токмак по што слободно влегле и го извадиле златото од витрините, а ја зеле и касата.

Треба да знаете
Последни објави