Search

(Видео) Зголемена радијацијата во Чернобил поради пожари во радиоактивна шума

Радиоактивна шума во зоната на исклученост во Чернобил викендов била зафатена од пожар, предизвикувајќи нагло зголемување на радијацијата во областа, пренесува „Индепендент“.

Повеќе од 90 пожарникари била ангажирани во неделата за гаснење на пожарот, за кој украински официјален претставник изјави дека се проширил на околу 100 хектари, од кои 20 биле во забранетата област околу неактивната нуклеарна централа.

„Пожарникарите продолжуваат да се борат со пожарот во зоната Чернобил. Ситуацијата е тешка“, напиша Јегор Фирсов, началник на украинската Еколошка инспекција, на „Фејсбук“ во неделата.

Украинската служба за вонредни состојби соопшти дека еден од пожарите, со површина од околу пет хектари, бил локализиран. Се вели дека другиот пожар зафатил околи 20 хектари.

„Нивото на радиоактивно зрачење беше над нормалното во средиштето на пожарот“, рече Фирсов, додавајќи дека станува збор за лоши вести.

Но, Службата за вонредни состојби соопшти дека нивото на зрачење во Киев, на околу 100 километри јужно било во границите на нормалата.

Пожарите се случиле во рамките на Чернобилската зона за исклученост што се протега на 2.600 квадратни километри, воспоставена по катастрофата во 1986 година во постројката што испрати радиоактивен облак над голем дел од Европа. Зоната е главно ненаселена, иако и покрај наредбите за напуштање во неа живеат околу 200 луѓе.

Пожарите се релативно чести во шумите околу поранешната нуклеарна централа. Фирсов рече дека најновиот пожар е предизвикан од луѓе што ја запалиле околната трева, а огнот потоа се раширил кон дрвјата.

Треба да знаете
Последни објави