Search

(Видео) Застрелан полицаец во Лас Вегас

Две одделни вооружени престрелки во кои учествувале полицајци се истражуваат во Лас Вегас, соопшти градскиот полициски оддел. Во еден од инцидентите беше застрелан полицаец, пренесува РТ.

Полицаецот бил застрелан во близина на хотел-казиното „ Циркус Циркус“, соопшти Градскиот полициски оддел во Лас Вегас. Локални медиуми тврдат дека полицаецот добил смртоносна повреда на главата, но нема официјална потврда.

Другиот инцидент се случил пред судница во Федералниот суд во центарот на Лас Вегас. Полицајците, наводно, возвратиле со оган кон лице кое почнало да пука на местото на настанот, застрелувајќи го напаѓачот неколку пати.

Локациите на двете престрелки се на јужниот крај на булеварот „Лас Вегас“, и се оддалечени околу три километри една од друга.

Како и многу други градови во САД, и Лас Вегас беше сведок на масовни демонстрации во понеделникот поради смртта на Џорџ Флојд при апсење. Во текот на ноќта имало судири меѓу полицијата и демонстрантите, при што полициските службеници употребиле солзавец.

Сепак, нема непосредни индиции дека некоја од престрелките е поврзана со тие судири.

Треба да знаете
Последни објави