Search

(Видео) Застреланиот тобакобос во Јоханесбург нуди милион евра за информации за напаѓачот

ужноафриканскиот тобакобос Симон Радланд беше нападнат во Јоханесбург минатата недела. Тој бил застрелан додека бил во својот автомобил пред Здружението за независна трговија со тутун (ФИТА), во кое членува.

Тој рече дека е стопроцентно убеден дека неговите ривали стојат зад обидот за убиство. Кон него биле испукани девет куршуми, а го погодиле само три – два во задниот дел и еден во вратот. Тој го преживеал нападот.

Иако не добил смртни закани, Радланд не бил премногу изненаден од настанот. Трговијата со тутун во Јужна Африка е валкана игра, полна со насилство.

Ден по пукањето и операцијата во која му беше отстранет куршумот од вратот, Радланд се вратил на работното место. Компанијата „Голд лиф“ понуди парична награда за оние што имаат некои информации за напаѓачите.

Треба да знаете
Последни објави