Search

(Видео) Заразен доктор во битолската болница „Плодност“, болницата ќе биде затворена до 13 април

Директорот на болницата „Плодност“ од Битола, Таше Трпчевски, во видео обраќање соопшти дека болницата ќе биде затворена и воопшто нема да работи до 13 април, поради случајот со докторот кој е заразен со коронавирус.

Трпевски кажа дека колегите кои имале контакт со Трпчевски ќе бидат во самоизолација, а во болницата ќе биде направено ново дезинфицирање.

„Д-р Христијан Трчевски во изминатиот подолг периот не го напуштил градот, по што следува заклучокот дека го добил вирусот од некој пациент, иако, болницата од првиот ден на алармирањето за корона вирусот, ја зголеми хигиенската постапка во болницата. Неговата совесност и како родител и како доктор, го натера да направи дури два тестови. Од првиот беше негативен, а по неколку дена позитивен на Ковид – 19. Тој е во одлична здравствена состојба. Веднаш, како што носи редот, ги известивме сите надлежни институции, а најбиските на докторот се во самоизолација. Тоа се случува и со голем дел од персоналот“, рече Трпчевски.

Тој кажа дека по увидот на терен и по сите процедури, болницата има дозвола да продолжи со работа, а имаат и втор, резервен тим на доктори и медицински сестри, кои веднаш би можеле да ја заменат првата постава на медицинските лица. Сепак, поради одговорноста за сечие здравје и за здравјето на вработените, одлучиле болницата да биде затворена.

Треба да знаете
Последни објави