Search

(Видео) Запленети 100 кг марихуана на Табановце скриени во дополнителен резервоар на камион

Во камион „даф”, со бугарски национални ознаки, со приколка „тирсан”, со македонски регистарски ознаки, кое го управувал М.К.(66) од Јосифово, валандовско полицијата ноќеска пронашла и запленила околу 100 килограми марихуана.
Како што изјави портпаролот на МВР Тони Ангеловски, ноќеска околу десет минути по полноќ на Граничниот премин „Табановце”, товарното визило било запрено по добиени оперативни сознанија дека пренесува опојна дрога.

-Одделот за криминалистичка полиција – Секторот за недозовлена трговија со дроги, оружје и опасни материи – Единицата за недозволена трговија со дроги во кооординација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, СВР Куманово, во содејство со царински службеници извршиле преглед и претрес на возилото, при што во дополнителен резервоар биле пронајдени 90 пакувања наркотична дрога марихуана со тежина од околу 100 килограми, еден пиштол „MAUSER” калибар 7,65 мм, една рамка за пиштол со шест куршуми калибар 7,65 мм и еден пригушувач за пиштол.
Лицето било приведено и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Треба да знаете
Последни објави