Search

(Видео) Заев од Штип: Ја намалуваме администрацијата за 20% и целосно ги укинуваме патните трошоци за пратениците

Направивме пресврт на подобро. Покажавме дека знаеме и можеме да работиме чесно, одговорно и во интерес на граѓаните. Направивме многу но можеме уште повеќе, можеме уште подобро, истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев од Штип.

„ Денес, се обврзуваме на нови цели, пред граѓаните и пред себеси, бидејќи знаеме и умееме. Денес, го имаме ова решение за сите граѓани, решенија за иднината. Ова е чесен, домаќински и одговорен пристап, препознаен, автентичен, македонски модел за напредок и на граѓаните и на државата. Ова е нашата визија, нашиот ЈАСЕН ПЛАН ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА во наредните 4 години:
Стабилна држава со нова, развојна македонска економија,
Држава со европски здравствен систем посветен на потребите на граѓаните
Држава која се грижи за сите
Држава која е правна и праведна
Тоа е зелена, еколошка држава
Европска држава, членка на НАТО

СДСМ е посветена на развој на домашната македонска економија, на инвестиции во инфраструктурата, на продолжување на интегративниот процес во ЕУ, на грижа за ранливите категории, на обезбедување здрава животна средина, заштита на здравјето на граѓаните и загарантирана правда за сите. Ова се столбовите на кои е изградена оваа наша Програма. Чесна, одговорна и достојна понуда за граѓаните. Градиме држава со нова, развојна македонска економија заснована на нови технологии, оддржливост и човечки капитал. Модел што ќе ги штити работните места на граѓаните, ќе генерира повисоки плати и пензии и подобри работни места.

Во таква економија создаваме услови платите да растат уште повеќе. Просечната плата до крајот на мандатот да порасне до 30 отсто, а минималната до 40 отсто. Модел што ќе ги штити работните места на граѓаните, ќе генереира повисоки плати и пензии и подобри работни места. Во таква економија создаваме услови платите да растат уште повеќе. Просечната плата до крајот на мандатот да порасне до 30%, а минимилната до 40%. Со тоа до крајот на мандатот постигаме просечна плата за вработените ширум целата земја до 34илјади денари. Минималната плата која што беше во 2016 за времето на Мицковски и Груевски 9 илијади денари, ќе ја зголемиме за 120% односно ќе постигнеме минимална плата од 20 илјади денари. Пензиите ќе ги покачиме согласно порастот на животните трошоци. Најниските пензии ќе бидат покачени за 21% до крајот на следниот мандат.

Се обврзуваме на над една милијарда евра странски инвестиции за 4 години, засновани на иновации, на висок степен на финализација на производи и услуги и оддржување на бизнисите.
За 4 години, 2,2 милијарди евра јавни инвестиции и 1,2 милијарди евра директни приватни инвестиции.

Тоа ќе донесе намалување на невработеноста на ниво од 3% годишно и едноцифрен број на невработеност до крајот на мандатот. За една економија да се развива и расте, потребни се и сериозни инвестиции во инфраструктурата за подобро и поефикасно поврзување внатре и надвор. Затоа уште повеќе ќе инвестираме во патиштата за уште подобро да бидеме поврзани.

Во новиот мандат градиме експресни патишта во должина од 300 километри и локални патишта во должина од 950 километри и продолжуваме со сериозни инвестиции во гасификација. Нашата програма нуди решенија и за земјоделството како една од најважните стопански гранки, но и за здравството, како основа на се во овој период на светска пандемија.

За нашата понуда на овие теми ги поканувам да ви се обратат генералниот секретар Љупчо Николовски и претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ Венко Филипче и актуелен министер за здравство…

И земјоделството и здравството се области во кои покажавме и ќе покажеме што значи вистинска грижа за сите. Се грижиме за сите, а особено за најранливите и тоа ќе го покажеме и во новиот мандат. Наша цел е 34.000 домаќинства да примаат гарантирана минимална помош, со континуирано обезбедување на нивно идно вработување, а 65.000 деца да примаат детски додаток. Градиме нови 777 социјални станови низ целата држава.

Обезбедуваме нови 7.500 места за деца во градинките, кои ќе бидат инклузивни и енергетски ефикасни, а за сите деца од семејства со ниски приходи градинките ќе бидат бесплатни!

Се она што го постигнавме во изминатите две и пол или три години немаше да биде целосно, ако не го остваривме и деценискиот сон, да ја видиме нашата држава интегрирана во најмоќниот светски сојуз. Денес, Република Северна Македонија е 30 земја членка на НАТО, рамо до рамо со светските сили, еднаква, почитувана и рамноправен партнер во најсилниот безбедносен сојуз на светот.
Тоа членство во НАТО е наша влезница во ЕУ. Влеговме во НАТО – можеме и во ЕУ.

Умееме, можеме и се обврзуваме: до 2024 да отвориме 80% од поглавјата за интеграција во ЕУ. Од европските фондови обезбедуваме 2,5 милијарди евра за Северна Македонија. Пари за справување со корона кризата, за новата македонска економија, за зелена агенда, енергија, конкурентност, капитални инвестиции… европски пари за европски стандарди дома.

Да се биде дел од ЕУ значи да се биде дел од заедница во која правото и законите се неприкосновени, каде секој е еднаков и пред правата и пред обврските. Ете таква држава ќе обезбедиме.
Обезбедивме праведна држава, ќе обезбедиме и правна, во која ќе важат ред, правда и дисциплина за сите подеднакво.

Нема компромис со правдата. Правосудството мора да се прочисти од корумпираните судии и обвинители. Судиите кои застаруваат предмети ќе бидат разрешени по автоматизам. Започнува детална проверка на имотната состојба на сите судии и обвинители и темелна ревизија на 5% од сите судски пресуди во последните 5 години, по случаен избор.

Администрацијата ќе им служи на граѓаните и нема да им биде товар. Ја намалуваме администрацијата за 20%. Во администрација ќе работат тие што се подготвени да им служат на граѓаните.
Целосно ги укинуваме патните трошоци за пратениците во Собранието.

Нашата визија за Северна Македонија во 2024 е таа да биде правна и праведна држава во која ќе има шанси за сите. Во таква држава важни ни се и заштитата на животната средина и чистиот воздух.
Сите се вклучуваме, за еколошка, зелена држава. Ги ангажираме сите капацитети и градиме еко-држава.

60.000 домаќинства во следните четири години ќе добијат бесплатен еко инвертер за да престанат со употребата на фосилните горива. 100 милиони евра субвенции предвидуваме во следните четири години за филтри на индустриски капацитети, домаќинството. Гасот го носиме директно до домовите.

Обезбедуваме комунална полиција во секоја општина и 24-часовен надзор на инспекциските служби. Тројно повеќе екоинспектори, тројно повисоки казни за фабриките кои не ги исполнуваат еколошките стандарди и двојно повисоки казни за граѓаните што загадуваат.

Ова е понуда на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ ова е понуда со која економскиот раст, грижата за сите и напредокот во интеграциските процеси продолжуваат уште повеќе и уште подобро.
Убеден сум дека граѓаните ова го препознаваат, го ценат и дека на 15 јули масовно ќе застанат зад овој концепт и ќе гласаат за Коалицијата Можеме, ќе гласаат за бројот три.
Верувам дека овој концепт, оваа понуда, оваа програма, по 15 јули станува Програма за работа на Владата на Република Северна Македонија за периодот 2020-2024.
Ќе покажеме дека можеме уште подобро уште повеќе!“ порача лидерот на СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави