Search

(Видео) Загина холандски фудбалер, сопругата со децата ја снимила смртта 

Холандскиот фудбалер Мурад Ламрабат (31), кој настапуваше за Витесе, загина обидувајќи се да скокне од висока карпа за време на летниот одмор во Шпанија.

Имено, тој почина на Мајорка, а за да биде уште потрагично, неговата смрт е снимена од сопругата на фудбалерот.

Ламрабат не ја проценил добро длабочината и удрил во карпите, што беше фатално за фудбалерот.
Кога скокнал, се слушал неговиот силен крик, но очигледно не направил доволно добар замав за да ги избегне острите како жилет камењата. Тој директно удрил во карпите, додека сопругата која го снимала смртоносниот скок врескала: „О Боже“.

Аутопсијата покажа дека Ламрабат се удавил додека бил во полусвесна состојба, а не од повреди како што првично се мислело.

Треба да знаете
Последни објави