Search

(Видео) Жена почина натпреварувајќи се во јадење колачи

Една 60-годишна жена починала во Австралија додека учествувала на натпревар во јадење колачи чупавци.

Тоа се случило во хотел во Квинсленд во кој бил одржал натпреварот по повод одбележувањето на националниот ден на Австралија, пренесува Би-би-си.

Според сведокот, жената учествувала на натпревар во јадење чупавци, ѝ се слошило кога едниот од колачите го ставила цел во устата.

Таа била реанимализирана на самото место, но без успех.

Натпреварите во јадење храна се вообичаени во Австралија за време на националниот празник, со што се одбележува пристигнувањето на првите Европејци на континентот.

Треба да знаете
Последни објави