Search

(Видео) Жена втрча во огнот за да спаси коала од шумски пожар во Австралија

Шумски пожари веќе со недели беснеат во Австралија. Најмалку шест лица ги загубија животите, а во најголема опасност се животните во шумиите кои се во пламен.

Најмалку 350 коали настрадаа, а штетата допрва ќе се санира откако ќе се изгасне пожарот.

Социјалните медиуми се преплавени со снимки и фотографии од состојбата во оваа земја. Пожарите најмогу беснеат во Нов Јужен Велс, а таму беше забележана и една неверојатна снимка од спасување на коала.

Поточно, жена забележала како животното се бори да избега од огнената стихија. Таа го соблече горниот дел од облеката и со неа ја завиткала коалата, која имала видливи изгореници.

Коала во моментов е болница, во тешка состојба.

Треба да знаете
Последни објави