Search

(Видео) Жена во Нигерија снимена како тепа дете и го затвора во кафез за кучиња

Во Лагос уапсена е жена која била снимена како го тепа 10-годишниот син, потоа го затвора во кафез за кучиња, објави Си-ен-ен. Жената била фатена на основа на снимка што се појавила на социјалните мрежи, соопштила полицијата.

https://youtu.be/NfSUAHDhYyw

„На снимката е видливо како жената го тепа детето и потоа го заклучува во кафез во кој биле две кучиња. Таа призна дека се работи за неа на снимката и дека детето е нејзин роднина, кој дошол да живее со неа откако ги загубил двајцата родители“, изјави портпаролот на полцијата во Лагос, Бал Елкан.

Инцидентот се случил пред две недели.

„Таа изјави дека се налутила зошто момчето испил џин и го скршил ретровизорот од нејзиниот автомобил. Потоа го заклучила во кафезот на неколку часа. Поради тоа ќе покренеме обвинение за детска злоупотреба“ рекол Елкан.

Жената ќе остане во притвор сè додека не биде изведена пред суд, а детето е згрижено во установа во градот.

Треба да знаете
Последни објави