Search

(Видео) Ештон Качер и Милa Кунис преку видеоснимка ги демантираа озборувањата за разводот

Последниве недели наголемо се зборува дека Ештон Качер и Мила Кунис се разведуваат. Актерската двојка е позната по својата приватност и никогаш не коментираа околу тврдењето дека нивниот четиригодишен брак е во криза, но неодамнешните написи ги натераа да ги демантираат озборувањата.

Ештон сподели кратко видео на „Инстаграм“ и објасни како стојат работите во нивниот брак, од кој имаат две деца, 5-годишната ќерка Вајат Изабел и двегодишниот син Димитри.

Во видеото е прикажана двојката која се вози во автомобил, а Мила на екранот на својот мобилен телефон ја прикажува насловната страница на „In Touch Weekly“ со „веста“ за нивниот развод која ја коментираат на ироничен начин.

Исто како и тие, и нивните обожаватели во своите коментари го исмеваа таблоидот кој на својата насловна страница го објави нивниот развод.

Треба да знаете
Последни објави