Search

(Видео) Еруптира Попокатепел, загрозени 20 населби

Вулканот Попокатепел во Мексико вчера еруптира, и се очекува дека зажарената пепел ќе загрози најмалку 20 населби, објавија локалните медиуми.

Според извештаите, ерупцијата се случила околу 8,17 часот по локално време (11,17 за Централна Европа), а облакот од пепел се крева во висина од еден и пол километар и се движи кон општината Пуебла.

Последната ерупција на Попокатепел се случи ноќта на 26 март, и тогаш лавата и зажарената пепел се разлеаја на околу две и пол милји од кратерот, преку општината Хјуипан во централната држава Морелос.

Треба да знаете
Последни објави