Search

(Видео) Ентони Хопкинс компонираше валцер, а сега покажува каков е сликар

Легендарниот актер Ентони Хопкинс (82) додека е во изолација целосно и се посвети на уметноста, како на музичката, така и на ликовната.

Пред неколку дена, во друштво на мачорот Нибло свиреше на пијано.

„Нибло се грижи да останам здрав и бара за возврат да го забавувам … Мачки“, напиша сер Ентони Хопкинс.

https://www.instagram.com/p/B94hZAshRxJ/?utm_source=ig_web_copy_link

Потоа, тој покажа и каков е сликар.

„Здраво на сите. Ви благодариме за дарежливите коментари, добрите желби. Како што можете да видите, јас сум во изолација. Имам 82 години и правам многу работи.Меѓу другото, сликам. За жал, мојот мачор Нибло не ја оправдува оваа работа. Веројатно смета дека е подобар сликар од мене“, рече познатиот уметник и ги покажа своите слики.

https://www.instagram.com/p/B-KaTBuBKQz/?utm_source=ig_web_copy_link

Тој ги одушеви своите обожаватели и пријатели со својата нова снимка.

„Биди добро, Тони. Продолжи да нè инспирирш“, напиша неговиот колега Енди Гарсија.

Треба да знаете
Последни објави