Search

(Видео) Енрике со „токи-воки“ за секој фудбалер ги спроведува тренинзите на Шпанија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Шпанија, Луис Енрике, е иноватор, кога се во прашање методите за тренирање. Неговиот најнов изум е „токи-воки“ за секој фудбалер, во секое време додека трча на теренот.

Шпанската фудбалска федерација објави видео од тренинг на репрезентацијата, кој е уникатен и различен од сечиј друг. На видеото Енрике им објаснува на фудбалерите за неговата иновација мало звучниче закачено на грбот, за опремата на секој од нив, поврзано со „токи-воки“ апарат, кој е во рацете на селекторот. Тој зборува и дава инструкции од страна, а тие слушаат како да им е зад грб во секое време.

Сето ова Енрике го прави од кулата монтирана до теренот, којашто исто така е негов изум од неодамна, за да го гледа развојот на тренингот од високо. Претходно имаше и друга „луда“ идеја: постојано снимање на тренингот и монитор на теренот, на кој ќе може на самото место и во живо да ги анализира грешките и да ги корегира.

Треба да знаете
Последни објави