Search

(Видео) Експлозијата пред РТС ја прекина утринската емисија што се емитуваше во живо

Силната експлозија што утринава се случи пред зградата на српската државна телевизија РТС ја прекина утринската програма што се емитуваше во живо.

Во експлозијата што се случи на паркингот на РТС загина еден градежен работник, а две лица се повредени.

Најверојатно, експлодирала боца со гас, која се наоѓала во возилото на работниците што требало да отстранат дефект на системот за климатизација во телевизијата.

Треба да знаете
Последни објави