Search

(Видео) Еврогол како на Ван Бастен на словенечкото чудо од дете

Словенечкиот фудбалер Бенјамин Шешко (19) постигна неверојатен гол за својата селекција на гостувањето кај Шведска во Лигата на нации.

Реализираше волеј во стилот на Марко ван Бастен во 28.минута за водство од 0-1 на Словенија.

Шешко игра за Ред Бул Салцбург и веќе договори трансфер во сестринскиот клуб Ред Бул Лајпциг, но со вечерашниот потег, само покажа зошто за него се интересираше и големиот Реал Мадрид.

Изминатото лето Манчестер јунајтед се обидуваше да го доведе на инсистирање на менаџерот Ерик тен Хаг.

Треба да знаете
Последни објави